Заштедила 28.000 евра за една година, следејќи пет правила

247

Лара Џоана Џарви заштедила 28.000 евра за една година, држејќи се до јасни шравила за штедење. Оваа сопруга и мајка советите како да заштедите пари ги дели на YouTube.

Ова се нејзините правила:

Чекај 30 дена

Таа се водела од правилото да не купува ништо освен неопходните работи.
“Ако нешто сакам, чекам 30 дена. Ако и после тоа време го сакам, тогаш го купувам“.

План за оброци

Планирањето на оброци не само што го решава прашањето што ќе јадеме денес, туку и штеди пари и помага подобро да се организираме.

Користете готовина

Кешот е поефективен отколку картичките или плаќање преку телефон.

Кога ви се допаѓа гардеробата, сликајте ја

Сликајте се кога ќе ви се допаѓа она што сте го облекле. Кога ќе помислите дека немате што да облечете погледајте ги фотографии и извадете ја таа комбинација од гардероберот.

Секогаш знајте зошто

“Кога со сопругот се одлучивме на овој вид штедење знаевме зошто и затоа ни беше лесно да кажеме не кога пријатели не викаа да излеземе или сакавме да купиме нешто“, вели таа.

Фото: Pixabay