Заштита на Вашите права во управна постапка

195

Имате поднесено Барање со кое барате остварување на свое право во управна постапка? Барањето Ви е поднесено до Општина, Министерство, Јавна установа, Државна установа или друго правно лице кое врши јавни овластувања?

Немате примено одлука во пропишаниот рок согласно Законот, по вашето поднесно Барање? Ве препраќаат и неодлучуваат определен период?

Вашите права може да заштите преку Управната Инспекција.

Што е Управна Инспекција?

Работите на управната инспекција ги врши државниот управен инспекторат,како орган во состав на Министерството за информатичко општество и администрација.

Што работи Управната Инспекција?

Управната инспекција врши надзор над примената на законите што содржат одредби од управната постапка, пример основен закон е ЗОУП-Закон за општа управна постпака, Закон за легализација на бесправно изградени објекти и многу други.

Каков надзор врши Управната инспекција?

Управната инспекција врши надзор особено на:

– навременото, економичното и ефикасното остварување на правата и интересите на граѓаните и другите учесници во управната постапка во решавањето на управните работи;

– постапувањето во пропишаните рокови во првостепената и второстепената управна постапка, како и во роковите определени со акти на судските органи;

– вклучувањето на заинтересираните странки во управната постапка заради заштита на нивните права и интереси;

– обезбедувањето на докази по службена должност од службената евиденција што ја води органот надлежен за решавање, друг државен орган, правни и други лица кои имаат јавни овластувања, општините и градот Скопје;

– начинот на однесувањето и работењето на државните службеници и вработените, со цел да се обезбеди почитување на принципите на законитост, професионален интегритет,ефикасност, одговорност и лојалност при вршењето на нивните службени должности.

Над кои институции Управната инспеција го врши надзорот?

Надзорот се врши во органите на државната управа, другите државни органи, организации, установи и други правни лица, на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања кога решаваат во управни работи, како и општините, градот Скопје и општините во градот Скопје.

Кој врши надзор?

Работите на инспекцискиот надзор ги вршат управни инспектори.

Што се овластени инспекторитеможат да преземат?

Инспекторите се овластени и во секое време можат :

– да остваруваат непосреден увид во примената на Законот за општата управна постапка и другите закони што содржат одредби за управната постапка и извршувањето на прописите за канцелариското работење;

– да укажат на субјектот на надзорот за утврдените недостатоци и неправилности во работењето,

– да наредат во определен рок отстранување на утврдените недостатоци;

-да наредат определен начин на постапување;

-да поднесат кривична пријава за сторено кривично дело, барање за поведување на прекршочна постапка или иницијатива за покренување на дисциплинска постапка и

– да вршат други работи за чие извршување се овластени со овој закон.

Што може да преземе Ние, како подоносители на барање,  за да побараме заштита од Управната инспеција?

Граѓаните и другите учесници во постапката, како подносители на Барања, можат да покренуваат иницијативи и да даваат предлози за вршење на инспекциски надзор кога во остварувањето на своите права, интереси и обврски ќе согледаат одредени неправилности во работењето на органите во кои се врши инспекциски надзор.

Пример до Државниот управен инспекторат може да се поднесе известување во форма на претставка или иницијатива одправни и физички лица за непостапување по членот 293-а став (3) од Законот за општата управна постапка од страна на функционерот којраководи со органот, односно на раководното лице на органот,

Во овој случај  инспекторот е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето, да изврши инспекциски надзор во органот надлежен за постапување по барањето, да утврди дали е спроведена постапка пропишана со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го извести подносителот на барањето за утврдената состојба.

Што ќе ги задолжи инспекторатот органите?

Инспекторот од државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува функционерот кој раководи со органот во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го одобри или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копие од актот со којодлучил по поднесеното барање.

Што ќе се случи ако органот и функционерот кој раководи со органот не постапат согласно  задолжението на управната инспекција?

Доколку функционерот кој раководи со органот не одлучи во предвидениот рок, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок согласно Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена, во кој функционерот кој раководи со органот ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт.

Доколку функционерот кој раководи со органот не одлучи и во дополнителниот рок од пет работни дена , инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок го информира подносителот на барањето за преземените мерки.

Што може да се преземе доколку инспекторот од која бараме заштита не постапи согласно Законот за управна инспекција?

Доколку инспекторот не постапи по известувањето во форма на претставка или иницијатива подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесеприговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат,кој пак  веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш.

Во случај пак, директорот на Државниот управен инспекторат Да не постапи согласно погоренаведно, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред Управен суд, и поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител.

Што, Ние, како подносители на барање за остварување на права добиваме?

Ние, како физички или правните лица подносители на барања, преку овие известувања во форма на иницијативи или претставки бараме начин да си го остваруваме своите права во започната постапка. Органот кој одлучува по нашето барање може да го отфрли, да го усвои, да го одбие или прекине, во зависност од правната ситуација.

Со оваа колумна, авторот, сака да се освежи и освести, познавањето и правата на сите физички и правни лица, се со цел да може секој граѓанин да знае кои му се правата согласно закон.