Инженери од Институтот за технологија Масачусет и Универзитетот Харвард развиле заштитна маска што за околу 90 минути ќе открие дали оној кој ја носи е заразен со коронавирусот.
Во маската се вградени еднократни сензори што може да се вградат и во други маски за лице, а може да се прилагодат и за откривање на други вируси. Сместени се во внатрешноста на маската и може да откријат вирусни честички и се дизајнирани така да може корисникот да ги активира кога е спремен за спроведување на тестот.
Резултатите заради заштита на приватноста се прикажуваат само на внатрешната страна од маската.
Развојот на сензорите, како што се користат во новата маска, почна пред неколку години. Претходно се користеле за откривање на инфекции со вирус на ебола и зика.
Научниците побараа патент за нова технологија и се надеваат на соработка со други компании за понатамошен развој на сензорите.
Фото: Pexels