Засилување во менаџерскиот тим на Евроинс Осигурување

88

evroins

Менаџерскиот тим на Евроинс Осигурување доби засилување со новиот член, г-ѓа Ралица Губерова, назначена на позицијата извршен директор, која ќе ја извршува заедно со постоечкиот извршен директор, г. Јанко Николов. Со доаѓањето на Губерова во менаџерскиот тим, ќе се додаде нов квалитет, ќе се покаже поголема проактивност, како и зацврстување на позицијата на осигурителниот пазар во Македонија.

Менаџерскиот тим Губерова и Николов, ќе претендира кон внесување на нови стандарди во работењето, проширување на деловните потенцијали, како и зголемување на портфолиото на осигурителните производи и пакети на компанијата.

„Евроинс Осигурување е компанија што детерминирано оди напред во зацврстување на својата позиција на пазарот, модерна и динамична, која го држи чекорот во осигурителната дејност врз принципите на реалност, но и флексибилност кон условите на пазарот и потребите на своите клиенти. Со доаѓањето на Ралица во менаџерски тим отвораме нова страница во работењето на компанијата, а тоа значи поголема транспарентност, зголемување на понудата и адаптирање на  потребите на осигуреникот во Македонија“, изјави г. Јанко Николов, извршен директор на Евроинс Осигурување.

Г-ѓа Губерова е веќе четири години во тимот на Евроинс Осигурување на позицијата финансиски директор. Претходно доаѓа од меѓународна компанија од доменот на даночниот консалтинг, финансиски услуги и ревизија. Ралица поседува и EMBA (Executive Master of Business Administration) диплома од Cortugli business школата во Хрватска.

„Досегашното искуство, како и заедничките ставови и визии за развој на компанијатa, ќе придонесат за позитивен раст и ширење на активностите и квалитетната осигурителна понуда. Одиме чекор по чекор, а резултатите треба да бидат квалитетна осигурителна понуда, адаптирана за условите на пазарот. Евроинс, како дел од Еврохолд Групата, има сериозна парспектива, одличен тим и потенцијал, што ме уверува дека заеднички и со вложување на многу труд на пазарот на кој што секогаш на прво место е клиентот, полека, но сигурно ќе ја заземеме позицијата на квалитетниот избор за осигурување на граѓаните и на бизнис секторот“, изјави г-ѓа Ралица Губерова, извршен директор на Евроинс Осигурување.

Евроинс Осигурување е компанија со над 150 вработени и 43 експозитури во Скопје и сите останати градови во Македонија. Од 2008 година стана дел од Еврохолд Бугарија – водечка бугарска компанија со деловни активности претежно во југоисточна Европа, фокусирана во обезбедување на небанкарски финансиски услуги и управување со средства.