Засолниште за бездомници во новите канцеларии на Amazon

1

amazon-1Фото: Facebook

Половина од новата деловна зграда на американската компанија Amazon ќе биде отстапена на користење на хуманитарната организација Mary’s Place. Станува збор за нов простор на Amazon во Сиетл, каде ќе бидат обезбедени 65 соби за повеќе од 200 бездомници, пишува Independent.

“Mary’s Place секој ден извршува неверојатна работа за жени, деца и семејства кои немаат домови“, вели извршниот директор на Amazon, Џеф Безос.

Изградбата на овој објект ќе започне на есен, а фамилиите привремено ќе бидат згрижени во други сместувачки центри. Планирано е да се обезбеди простор од околу 4.500 метри, што ќе чини десетици милиони долари, со што ова ќе биде најголемиот филантропски проект на Amazon.