Затишје на пазарот на криптовалути

Пазарот на криптовалути дополнително закрепна во последните 24 часа и поврати уште 2,6 отсто од својата вредност.

Во моментов, пазарната капитализација е 2,37 трилиони долари. Биткоинот во изминатите 24 часа поскапе за 0,2 отсто, а според веб-страницата Коингеко, утрово се тргуваше по цена од 48.770 долари.

Етереум забележа силен раст од 3,3 отсто во изминатите 24 часа иутрово  се тргуваше по цена од 4.032 долари.