Хрватскиот претприемач Мате Римац ја затвори својата фабрика за производство на супербрзи автомобили. Како причина за тоа е пандемијата на коронавирусот.
Римац на својот Facebook профил објави дека од понеделникот ја затвора компанијата, а оние вработени кои можат, ќе работат од дома.
“На основа на достапните податоци, сметаме дека најодговорна одлука за здравјето на нашите вработени и нивните семејства е затворање на компанијата од понеделник“, напиша Римац.
Вкупно 700 вработени во Greyp и Rimac, во текот на оваа недела, остануваат дома.