Затворени околу 5,7 милиони работни места во ЕУ

23

Поради пандемијата се затворени 5,7 милиони работни места во Европската унија, а работниците на договор, како и младите и жените се повеќе погодени одошто во време на финансиската криза во 2008-ма и 2009-та година.

Според анализата на Eurofond работата од далечина, краткорочните работни програми и други форми на државна поддршка би можеле да значат заштита на работните места, но тоа значи дека и поголем број луѓе се наоѓаат во долготрајна професионална неактивност, наместо да се бројат во статистиката на невработени.

Според анализата, во првиот квартал од минатата година имало 5,7 милиони помалку вработени одошто во четвртиот квартал од 2019 година. Се додава дека им 6,3 милиони работници помалку во споредба со трендот на раст што се очекувал пред пандемијата.

Бројот на вработени во четвртиот квартал од 2019 година бил 201 милион работници, во споредба со околу 450 милиони луѓе кои живеат во земјите членки на ЕУ.

“Во текот на 12 месеци, до пролетта минатата година вработеноста во ЕУ е намалена за 2,4%, неделните часови на кои уште работат се намалени за скоро еден час, а уделот на вработените кои повеќе не работат е двојно зголемен на 17%.

Бројот на повремени договори е намален за 17%, а посебно се погодени Шпанија, Франција, Полска, Италија и Грција.

За разлика од финансиската и економската криза од пред повеќе од една деценија, пандемијата несразмерно ги погоди секторите во коишто доминираат жени.

Бидејќи околу половина од работната сила во ЕУ работи на далечина, повеќе од веројатно е дека образованите работници во урбаните средини ќе ја задржат работата во однос на останатите.

Фото: Pexels