Завој што испушта пропишана доза на лекови

46

wound-106374_960_720

Фото: Pixabay

Научници од Универзитетот Линколн, медицинскиот факултет од Харвард и Институтот за технологија во Масачусетс создадоа завој којшто инјектира лекови онаму каде што е поставен, New Atlas.

Завојот е направен од електрично – спроводни влакна обложени со хидрогел. Овој гел може да содржи лекови како антибиотици, аналгетици и друго. Завојот во одреденото време ја испушта пропишаната доза на лек, а функцијата се контролира преку смартфон.

Има вградено мини контролор којшто испраќа напон преку одбрани влакна во одредено време. Влакната се загреваат, а со тоа се загрева и гелот што ги обвиткува. Штом се загрее, гелот ја испушта одредената доза на лек во раната. Микро контролорот може да се активира безжично од смартфон или таблет.

Оваа технологија може да биде многу корисна за рани предизвикани од дијабетес или други хронични болести и или за војници, каде што се присутни бројни патогени што предизвикуваат различни заболувања.