Завршен ден на инвестицискиот самит во Охрид

49

6b92946d-c4c2-4390-a341-0c4512522fe4Иновативните бизниси, развојот, лидерските способности и човечките ресурси ќе бидат темите на кои ќе се диксутира на вториот и завршен ден на глобалниот инвестициски самит на Македонија 2025.

На Самитот учествуваат повеќе од 350 учесници од 20 земји, а досега се дискутираше за конкурентноста како предуслов за јакнење на македонската економија. При тоа беше констатирано дека Македонија ги има неопходните услови за создавање на ефикасна економија, но она што е потребно е привлекување на странски инвестиции.

Пред присутните се обратија претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски, и двајцата потенцирајќи ги економските реформи кои земјата ги направи последниве години, со што Македонија стана една од најповолните дестинации за правење на бизнис во регионот.

На вториот Глобален инвестициски самит на Македонија 2025, учествуваат и реномирани светски интернационални компании, а дел од нив се Microsoft, Telus, и Bombardier.

За учесниците на Инвестицискиот самит синоќа во Охрид прием организираше претседателот Иванов.