Завршени 36 проекти од ТАВ Програмата во вредност од 16 милиони евра

30

Досега се завршени 36 инфраструктуирни проекти што се спроведуваат во општините преку ТАВ програмата во вредност од 15 милиони евра, информираше вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, при  денешниот увид во работатата за регулација на поројот Св. Илија до вливот во река Водочница во Струмица, што се реализира преку оваа програма.

Во 75 општини во државава се спроведуваат проекти во вредност од 49,7 милиони евра, а пред една година беа потпишани 94 дговори за реализација на инфраструктурни прокети во сите плански региони и во општините.

– Тогаш најверојатно сите велеа ова е една од тие програми којашто пак нема да го дочекаат својот крај. Но, денеска по една година веќе комплетно кажуваме дека се завршени 36 инфраструктурни проекти, или реализирани се над 15 милиони евра од планираните средства во исто толку општини низ државата. Во реализација се 46 други проекти и само девет проекти се останати за започнување. Ова е навистина посебно за истакнување затоа што со ваква динамика ретко кога ќе видите програма која што се спроведува за капитални инвестиции, рече Битиќи.

Тој најави дела сите проекти  што се во тек ќе се реализираат во планираниот рок, односно до крајот на следната година.

– Вложувањето во подобрена и одржлива инфраструктура е неопходно за постигнување на развојните економски цели на кои сите ние сме насочени. Оваа година како Влада работевме во воспоставување на единицата за следење на капитални инфраструктурни проекти која конечно ќе прави координација и следење на реализација на сите капитални проекти со цел нивно навремено реализирање, рече Битиќи.

Генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак, исто така истакна дека прокетите преку програмата што ја финансираат тие ќе се реализираат во предвидениот рок.

-Вкупниот износ на инвестиците во 94 валдини проекти е 49, 7 милииони евра. Во втората годона на фиансирање сме, 36 се целонсо реалзирани, а останатите ќе бидат реализирани според планот до крајот на следната година. Драго ми е што покрај во основната дејност во аеродормоското работење можеме да додадеме вредност за граѓаните преку финансирање на овие 94 инфраструктурни проекти заедно со Владата и со локалните власти, рече Батак.

Преку ТАВ програмата се обезбедени 86.700.000 денари за реконструкцијна на 2.300 метри на поројот. Со тие активности, според градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов се решава огромен проблем за овој регион за превенирање на поплави.