Завршува проектот за реформа на даночниот систем

10

Во просториите на ЕУ Инфо центарот денес ќе се одржи завршна церемонија по повод завршувањето на проектот Реформа на македонскиот даночен систем.

Проектот се спроведуваше 16 години, а беше поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) во соработка со Министерството за финансии на Р. Македонија.

На завршниот настан официјално ќе биде предаден нацрт Законот за данок на додадена вредност на Министерството за финансии на Република Македонија.