Збогум работници: Првите „темни“ фабрики за автомобили, без луѓе, се очекуваат во 2030 година!

Автомобилското производство е на работ на радикална трансформација бидејќи автоматизацијата ќе игра сè поважна улога, а исклучувањето на луѓето од процесот на производство ќе дојде многу брзо, пишува Automotive News Europe. Според аналитичарите на Gartner и Warburg Research, барем еден производител на автомобили ќе постигне 100-процентна автоматизација на склопувањето до 2030 година. Оваа промена претставува повеќе од оперативна ефикасност, таа означува пресвртница каде што вештачката интелигенција, хуманоидната роботика и дигиталното производство се здружуваат за да ги елиминираат речиси сите човечки улоги од процесот на склопување.

Импликациите одат многу подалеку од фабричкиот кат, преобликувајќи сè, од принципите на дизајнирање на возила до системите за обука на работната сила и економијата на производството на автомобили. Американските или кинеските производители на автомобили веројатно ќе бидат првите што ќе создадат 100-процентно автоматизирана линија за склопување кон крајот на оваа деценија, бидејќи неколку играчи на тие пазари веќе воспоставуваат револуционерни производствени процеси и ставаат поголем фокус на хуманоидните роботи, изјави за ANE потпретседателот за истражување на Gartner, Педро Пачеко.

Аналитичарот на „Варбург Рисрч“, Фабио Хелшер, нагласи дека не е нереално да се очекува дека до 2030 година во Кина ќе се појави првата целосно „темна“ фабрика за автомобили – каде што сè ќе прават роботи.