Зборови и изрази што треба да ги тргнете од вашиот вокабулар

84

machina

Фото: Pexels

Зборовите се моќни. Има ситуации кога ви помагаат во остварувањето на целите, но и мигови кога со еден збор може да уништите се. Истите зборови можат да имаат различно значење, за разни личности.

Кога зборуваме за маркетинг содржини, тие во себе користат моќни зборови и изрази за да го привлечат вниманието на потрошувачите. Исто така постојат и зборови што ќе ги одбијат потенцијалните клиенти.

Видете кои зборови и изрази треба да ги тргнете од вашиот вокабулар:

Всушност и Но

Овие навидум безопасни зборови можат да создадат дистанца меѓу продавачот и клиентите.

Всушност, можете тоа да го направите со подесување.

Да, секако можете тоа да го направите со подесување.

Ако употребите всушност – тоа имплицира дека корисникот згрешил нешто.

Ви благодариме што ни пишавте, но за жал ја немаме таа опција на располагање.

Ви благодариме што ни пишавте. За жал ја немаме таа опција на располагање.

На суптилен начин, пораката изгледа попозитивна.

Само

Без разлика на контекстот, ова потсетува на негативност. Постојат разни фрази каде кога некој ќе го слушне овој збор, може различно да го интерпретира.

Само една минута.

Тоа може да значи дека вашите приоритети се други, наместо да му помогнете на клиентот.

Јас сум само практикант.

Укажува дека имате ограничена моќ или влијание.

Секогаш и Никогаш

Овие зборови претставуваат класично оружје во комуникацијата на луѓето.

Ти секогаш доцниш на работа.

Ти никогаш не ја завршуваш работата навремено.

Никогаш – може да значи прекумерно ограничување. Дури и ако мислите дека нешто никогаш повеќе нема да се случи, изразувајќи ја вашата негативност може да ги обесхрабри другите да придонесуваат со идеи коишто можат да го решат проблемот.

Треба

Сите луѓе мислат дека можеле да ја завршат работата поинаку или дека можеле да реагираат на друг начин. Ако си велиме требаше да направам вака или онака, тогаш нема да се мотивираме за акција, туку само ќе западнеме во чувство на вина. Стапицата на самонанесување на вина, може да излезе од контрола и резултатот да биде негативен и контрапродуктивен.

Требаше да направам повеќе < Немам доволно дисциплина < Што не е во ред со мене? < Јас го немам тоа што е потребно < Треба да се откажам.

Наместо да употребуваме Треба, можеме да се фокусираме на решавање на проблемот.