Зделка вредна 1,6 милијарди долари – САД и продаваат авиони и опрема на Бугарија

112

Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на борбени авиони „F-16 C/D Block 70“ и соодветна опрема на Бугарија за 1,673 милијарди долари.

Главен изведувач во овој бизнис би требало да биде компанијата „Локид Мартин“, соопшти Пентагон, пренесува Ројтерс.

Барањето на Бугарија, како што е наведено од Пентагон, вклучува купување на четири авиони F-16 C Block 70, четири авиони F-16 D Block 70, 11 мотори, 11 подобрени генератори (iPDG) и 11 AESA AN / APG-83 радари.