Здрави ужинки што секогаш треба да ги имате на вашето биро

149

Здравата храна е одличен извор на енергија и концентрација коишто се неопходни за успешен и продуктивен работен ден. Затоа, ако сакате да бидете фокусирани на работата и со леснотија да ги завршите работните обврски во утврдениот рок, овие здрави ужинки би можеле да ви бидат од голема корист и секогаш да ги имате во фиока во вашето работно биро.

Суво овошје

Овошјето во секоја форма е здраво за консумирање. Сувото овошје може да биде извор да ги задоволни потребите за нешто слатко во попладневните часови и да обезбеди доволно хранливи влакна. Суви кајсии, урми, брусница, сливи… се извор на енергија, а во комбинација со јаткасти плодови ќе значат внесување на здрави масти.

Јаткасти плодови

Дали во комбинација со суво овошје или “сами“, јаткастите плодови се одлична ужинка додека трае напорниот работен ден. Една шака лешници, бадеми, индиски ореви… е доволна количина за задоволување на дневните потреби. Лесно се складираат во обична кесичка или пластичен сад, не зафаќаат голем простор и не се расипуваат лесно, па така секогаш може да ги чувате во фиока во работното биро.

Здрави крекери

Иако крекерите ги бие лош глас, сепак во големите супермаркети може да најдете здрава варијанта на вакви грицки. Со интегрално брашно, без шеќер, без додатоци… овие опции се здрава алтернатива за грицкање. Додека работите пред компјутер, имајте предвид дека немате контрола на тоа колку јадете, затоа однапред утврдете си точна количина во омилениот сад за да не претерате.

Гранола

Здрава, модерна и релативно нова верзија на здрава ужинка што на голема врата е прифатена во светот. Во нејзиниот состав има житарки, овошје, јаткасти плодови и други здрави додатоци што ќе го збогатат нејзиниот вкус. Може да ги подготвите дома и сами да одберете кои намирници ќе ги ставите или да ги купите готови од продавниците за здрава храна.

Фото: Pixabay