На Кејот на реката Вардар, вчера (5 јули), се одржа настан кој ги обедини сите поборници за здрав живот, вљубеници во велосипедизмот, како и зависници од спортот и здравите навики.
“Оваа активност, која е само старт на нашата мисија да придонесеме кон влијанието на луѓето, за сè повеќе здрави навики, општествена одговорност, како и вклучувањето на јогуртот во секојдневната исхрана – еден од најздравите пијалоци, направи многумина среќни. Вчера забележавме многу искрени детски насмевки, а тоа за нас е најголемата сатисфакција”, изјави Александар Блажевски, односи со јавност во Здравје Радово
На самиот настан се реализираше и акцијата Веледарност, во која беа донирани велосипеди за најмладите од социјално загрозените семејства.
,,Ова е одлична иницијатива на Здравје Радово, преку која се придонесува за поздрави генерации, нивно рекреирање, стекнување навика за консумација на јогурт, уживајќи во благодетите на спортот во комбинација со здравиот напиток. За таа цел се вклучивме во овој настан како помагачи за остварувањето на донацијата на Здравје Радово, односно донацијата на велосипеди на најмладите членови на социјално загрозените семејства”, изјави Јовица Велјановски од здружението Единствена Македонија.
Здравје во твои раце беше неколку часовно дружење на сите рекреативци и сите оние кои сакаат да спортуваат и да одржуваат здрави навики, како и здрав начин на живот.
“Несебично се приклучивме кон иницијативата на Здравје Радово, со цел да помогнеме на сите што сакаат да научат правилно да возат велосипед, но и да помогнеме и да ги израдуваме многудетните семејства кои се од социјално загрозен тип”, изјави Дарко Арсовски од На Точак.
НаТочак, Единствена Македонија и Здравје Радово се главните поборници за оваа иницијатива која треба да премине во традиција и ќе им покаже на најмладите дека возењето на велосипед и консумацијата на јогурт се здрави навики кои се многу значајни за нив.
Здравје Радово најави уште неколку вакви активности за ова лето во Скопје, Охрид и уште неколку локации низ Македонија.