
Во првиот квартал од 2026 година, 45,5 проценти од произведената електрична енергија во Европската Унија потекнува од обновливи извори на енергија. Ова претставува зголемување во споредба со истиот квартал од 2025 година, кога уделот изнесуваше 42,7 проценти, објави Европската канцеларија за статистика – Евростат.
Ветерот беше примарен извор на обновлива електрична енергија во ЕУ, со учество од 44,9 проценти од вкупната обновлива електрична енергија, во споредба со 42,3 проценти во првиот квартал од 2025 година. Хидроенергијата беше втора со 28,0 проценти, по што следуваше сончевата енергија со 17,3 проценти.
Преостанатата обновлива електрична енергија доаѓа од запаливи обновливи горива (9,4 проценти) и геотермални и други извори на енергија (0,4 проценти).
Меѓу земјите од ЕУ, најголемиот дел од електричната енергија од обновливи извори е произведена во Данска (90,0 проценти, главно ветер), Португалија (82,9 проценти, главно хидроенергија) и Литванија (75,7 проценти, главно ветер).
Обратно, најмал дел е забележан во Чешка (12,7 проценти), Малта (13,0 проценти) и Словачка (17,2 проценти).











