Зелено светло за поголеми брзини: Во Европа ќе јуришаат автономни автомобили

102

Меѓународниот стручен панел при ОН за Европа прифати да ја покачи дозволената брзина за автономни автомобили во одредени ситуации, соопшти  UNECE.
Според одлуката објавена во четвртокот, ограничувањето на брзината за автономните возила би се подигнало од 60 км/ч на 130 км/ч.

Исто така, би било дозволено менување на лените. Предлогот уште треба да го потврди Светскиот форум за усогласување на прописите за возилата, кој ќе се состане од 21 до 24 јуни, но тој чекор се смета за формалност.

Новото правило би стапило на сила после околу шест месеци.

Повеќе од 50 земји ширум светот се дел од овој договор, вклучувајќи ги и 27-те земји-членки на ЕУ. САД, Кина и некои други земји, пак, ја регулираат автономијата на автомобилите според некои нивни стандарди.