Zelenoo.com – српски сајт за поврзување на органските производители на храна со купувачите

56

zelenoo

Српската старт – ап компанија Органика нова ја создаде интернет страницата zelenoo.com, чија цел е поврзување на производителите на органска храна со купувачите.

“Во нашиот однос кон храната се гледа и нашиот однос кон нашето здравје, како и кон луѓето кои вредно работат на нивните земјоделски површини и кон природата. Затоа го направивме zelenoo.com, сервис што овозможува купувачите од Белград преку Интернет да порачаат органска и домашна храна и од мали земјоделци и производители кои вложуваат труд и љубов во квалитетот на своите производи. Нема повеќе губење време по маркетите и купување преработена храна со различни адитиви. Сега може да бидете сигурни дека на вашата трпеза секогаш има свежа, здрава и вкусна храна“, стои на официјалната страница на zelenoo.com.

На оваа интернет страница, производителите на органска и домашна храна отвораат свој профил со моменталната понуда на производи. За да може нивниот оглас да биде видлив за потрошувачите преку Интернет, најпрво ги посетуваат дипломирани инженери по земјоделство. Нивна задача е да утврдат дали навистина станува збор за производители или за трговци. Доколку производителите ги исполнат потребните критериуми, тие стануваат “видливи“ за купувачите.

“Нашата идеја беше да ги споиме мобилните технологии со земјоделското производство, односно органска храна и постоечкиот синџир на дистрибуција за храна според барањата во 21-от век“, вели Никица Маринковиќ, еден од сопствениците на zelenoo.com за Екапија.

Неговиот старт – ап доби 50.000 евра од Австралиската развојна агенција.