Земја од регионот за 10 години остана без пола милион работници

119

Заминувањето на луѓето во странство не е само проблем на нашата земја, туку и на сите земји во регионот. Официјалните податоци говорат дека во последните десет години Хрватска изгубила 500 илјади работници.

Како што објаснува Даворко Видовиќ, советник за работна политика и вработување во Хрватската стопанска комора, од вкупно пола милион работници, 200.000 работоспособни “заминале“ по природен пат односно со заминување во пензија, додека 300.000 мигрирале, пренесува Novac.

Дека состојбата е алармантна предупредува и приватниот сектор, а најголем проблем настанува за време на туристичката сезона. За да се ублажи овој негативен тренд Хрватската стопанска комора најави укинување на квотите за странските работници. Покрај тоа, планот е да се интегрираат некои луѓе на пазарот на трудот и да се спречи емиграцијата, а хрватската служба за вработување е исто така вклучена во финансирање преку Европскиот социјален фонд.

Фото:Pexels