Полагањето на возачки испит може да биде доста стресно, а цените и тешкотијата за полагање зависат од државата.
Порталот Зутоби направи истражување и објави листа на земји во кои е најтешко и најлесно да се положи возачки испит.
Земјата со најлесниот возачки испит во светот е Индија. За возачите да добијат возачка дозвола, сè што треба да направат е да возат право и да свртат лево.
„За време на возачкиот испит во Индија, кандидатите треба само да возат право, да свртат лево и да застанат по 45 метри за да поминат“, објаснуваат тие на страницата. Значи, тестот е многу едноставен, а стапката на поминување е исклучително висока. Но, со повеќе од 10 милиони возачки дозволи кои се издаваат во Индија секоја година, полагањето на тестот во најнаселената земја во светот следи посебни правила, пренесува index.hr.
Индија ги има најсмртоносните патишта во светот. Во 2011 година на патиштата биле забележани речиси 74 милиони возила, а годишно во сообраќај умираат 196.000 луѓе.
Поради огромната гужва и опасностите на патиштата, кандидатите полагаат возачки испити на приватни тест патеки или на паркинзи. Покрај краток возачки испит, учесниците треба да имаат најмалку девет точни одговори на писмен испит составен од 20 прашања, а цената на возачкиот испит е само 1,20 евра.