Земјава ги отвора границите со овие земји без ПЦР тест?

118

Комисијата за заразни болести утрово донесе предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без PCR тестирање, информираат од Министерството за здравство.

Според анализите, во моментов нема индикација, односно висок број на импортирани случаи во земјава со ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите.

Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата.

Фото: Facebook