Земјава ќе добие закон за донирање на вишок на храна

63

Фото: Pixabay

Северна Македонија ќе добие закон за донирање на вишокот на храна, откако властите ја усвоија информацијата за изготвување на ваков закон.

Според оваа информација, министерствата за труд и социјална политика и за локална самоуправа се задолжени, а на ЗЕЛС му се укажува, во рок од 15 дена да изградат заеднички став во однос на дефинирање на корисници на храната којашто ќе биде донирана, односно определување на критериуми коишто треба да ги исполнуваат корисниците на храна којашто ќе биде донирана, како и да изградат заеднички став во однос на мониторинг на распределбата на вишокот на храна до крајните корисници.

Агенцијата за храна и ветеринарство има рок до петти август до Владата да го достави Нацрт законот за донирање на вишокот на храна.