Земјава лани извезла трактори вредни 1,3 милиони долари

246

Извозот на трактори минатата година достигна вредност од 56,3 милијарди долари, што е намалување од 4,6% во споредба со 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Македонија е 64-та во светот со извоз на трактори во вредност од 1.319.000 долари или 63,4% помалку во однос на 2018 година.

На глобално ниво, најголемите извозници на трактори лани беа: Мексико (9,8 милијарди долари), Германија (8,7 милијарди долари), Холандија (6,4 милијарди долари), САД (шест милијарди долари) и Франција (3,6 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најголем извозник на трактори е Бугарија со 168,4 милиони долари. Потоа се: Словенија (132 милиони долари), Хрватска (36,7 милиони долари), Србија (11,8 милиони долари) и Босна и Херцеговина (6,7 милиони долари0.

Фото: Freepik