
Во текот на минатата година, земјите членки на Европската унија потрошија над 306 милијарди евра за истражување и развој, што е 2,19% од вредноста на бруто домашниот производ (БДП), додека во 2018-та година тој процент беше 2,18%, покажуваат податоците на европската статистика.
Македонија минатата година за истражување и развој минатата година одвои 0,37% од вредноста на бруто домашниот производ.
Од земјите во ЕУ, највисок процент има Шведска со 3,39% од БДП, по што следуваат: Австрија (3,19%) и Германија (3,17%). Под 3% од БДП за истражување и развој потрошија Данска (2,96%), Белгија (2,89%) и Финска (2,79%).
Под 1% од вредноста на БДП за истражување и развој одвоија: Романија (0,48%), Малта (0,61%), Кипар (0,63%), Латвија (0,64%), Ирска (0,78%), Словачка (0,83%), Бугарија (0,84%) и Литванија (0,99%).
Фото: Freepik