Земји каде е забрането да се продава Кока Кола

207

Поради постојаните трговски ембарга и санкции, во моментов нема легални патишта за купување Кока-Кола во Куба и Северна Кореја.
Тоа не значи дека пијалоците не можат да се добијат на друг начин, само што официјално не е можно да се увезат или полнат пијалоци на овие места.

До 2012 година, Мјанмар исто така беше земја во која не беше можно легално да се купи Кока-Кола. По укинувањето на забраната, овој производител на безалкохолни пијалоци инвестирал 200 милиони долари за да започне со дистрибуција во областа.

Кока-Kола не се продаваше во Виетнам долго време, но забраната подоцна беше укината, пишува Poslovni.hr.