Земји кои нудат најдобри услови за дигиталните номади

105

Од Костарика и Бахамите, преку Хрватска и Грција, до Португалија и Германија, земјите сега се повеќе се натпреваруваат за привлекување и задржување на работниците од далечина.

Секој од нив сака да ги пречека дигиталните номади, без разлика што многу работодавци бараат враќање на „нормалното“.

Бројот на визи за далечинско работење порасна експоненцијално од пред пандемијата, при што најмалку 30 земји воведоа такви програми од 2020 година за да ги привлечат оние чии работни места им дозволуваат да работат од каде било на планетата, пишува Блумберг.

Конкуренцијата непрекинато се вжештува: уште најмалку 12 земји, вклучително и Колумбија, наскоро треба да воведат програми за далечинско работење. Само минатата година имало 15,5 милиони американски дигитални номади, што е двојно повеќе од бројот во 2019 година.

Иако бројот на работници со „новото“ ниво на флексибилност сега се намалува, тој веројатно ќе остане далеку над нивото пред пандемијата.

Меѓу многуте земји во светот кои нудат работни визи или некаква програма – специјално наменета за дигитални номади е и Хрватска.

Хрватска технички не нуди виза, но во 2021 година на дигиталните номади им даде дозвола за привремен престој – за да можат слободно да работат во Хрватска до 12 месеци.

Иако дозволата за престој не може да се продолжи, иселениците можат да поднесат ново барање шест месеци откако претходното им истече.

Дигиталните номади мора да обезбедат доказ за работа, доказ за потекло од нивната матична земја, доказ за здравствено осигурување, хрватска адреса на живеење и доказ за доволно средства во износ од 17.822,50 куни (2.372 американски долари) месечно.

Иселениците добиваат биометриска картичка за престој по пристигнувањето. Како можам да аплицирам? Со пополнување на барање на официјалната веб-страница за издавање дозволи за дигитални номади или тие можат да се обратат до хрватската амбасада/конзулат.

Потребни им се 420 куни за апликација, 460 куни за виза и 310 куни за биометриска картичка за престој. Времето за обработка на податоците е од 15 до 60 дена.

Други атрактивни дестинации кои нудат слични услови преку нивните програми се Антигва и Барбуда (Карибите), Аргентина, Бахамите, Барбадос, Кајманските Острови, Костарика, Доминика, Германија, Грција, Италија, Малта, Мексико, Португалија.

Затоа, во оваа анализа, покрај Хрватска, Блумберг издвои уште пет европски земји кои би можеле да бидат од интерес за работниците од далечина.