Земји кои привремено го забранија извозот на одредена храна

36

Индија е последна во низата земји кои одлучија привремено да го стопираат извозот на храна. Тоа го направи поради поскапувањето на пченицата, што беше предизвикано од војната во Украина.

Украина и Русија се меѓу најголемите извозници на пченица во светот. Сега не само што е загрозено производството на оваа храна, туку е загрозен и извозот на она што таа успева да го произведе. Обединетите нации тврдат дека Русија го блокирала извозот на 22 милиони тони пченица што се наоѓа во украинските пристаништа. Украинската пченица е најпотребна во Африка и на Блискиот Исток. Покрај тоа, Украина и Русија се значајни производители на друга храна која се извезува низ светот, а меѓу нив е и сончогледовото масло.

Освен Индија, која до 31 декември годинава го оневозможи извозот на храна, тоа досега го направија и:

Аргентина до 31 декември 2023 година.
Алжир до 31 декември 2022 година.
Египет до 12 јуни 2022 година.
Индонезија до 31 декември 2022 година.
Иран до 31 декември 2022 година.
Казахстан до 15 јуни 2022 година.
Турција до 31 декември 2022 година.
Украина до 31 декември 2022 година.
Русија до 31 август 2022 година.
Тунис до 31 декември 2022 година.
Кувајт до 31 декември 2022 година.
Според американската телевизиска компанија CNBC, споменатите земји го оневозможиле извозот на различни намирници – од сончоглед и палмино масло до овошје, зеленчук, шеќер и млеко.