Земји што најмногу извезуваат природен ураниум

52

Во текот на 2019 година, извозот на ураниум во светот достигна вредност од три милијарди долари или 26,7% повеќе во однос на 2018 година.

Податоците на World’s top exports покажуваат дека Казахстан е најголем извозник на природен ураниум во светот, покривајќи 51,8% од вкупниот извоз и заработи 1,5 милијарди долари.

Петте најголеми извозници на природен ураниум, покрај Казахстан, лани беа и: Канада (882,9 милиони долари), Украина (126,8 милиони долари), Узбекистан (119,9 милиони долари) и САД (101,5 милиони долари).

Меѓу земјите, најголем пораст на извозот на ураниум има кај Казахстан и тоа а 11,4% во споредба со 2015 година.

Инаку, ураниумот е метал со сребрено – бела боја, најмногу се користи во воената индустрија и како гориво во нуклеарните централи.

Фото: Pixabay