Земји што најмногу привлекуваат, “создаваат“ и вработуваат врвни професионалци

23

Според последниот извештај на World Talent Report објавен на Business Insider, Швајцарија е земјата којашто “поседува“ најголем број на висококвалификувани професионалци.

Истражувањето е спроведено во 63 светски земји, каде што “нивото на таленти“ се проценува според перформансот на земјите во креирање, привлекување и задржување на професионалци.

Се разгледувале различни сфери: образование, обука на работното место, познавање на јазици, меѓународно искуство, квалитет на живеење и плати.

Земјите се рангирани откако е направена детална анализа на сите фактори и услови, односно според целокупниот резултат изразен во бодови, од 1 до 100.

Бодувањето се базира на три главни индикатори: инвестиции и развој, привлечност на земјата и подготвеност, а еве кои земји се најдоа во топ 10:

Германија – 81,11 бода

Луксембург – 81,63 бода

Шведска  – 82,45 бода

Финска –  83 бода

Канада – 84,5 бода

Холандија –  85,25 бода

Австрија – 86,10 бода

Норвешка – 86,37 бода

Данска – 91,97 бода

Швајцарија – 100 бода