Бројот на вработени во оваа европска земја надмина 22 милиони: Имаат речиси 15 проценти странски работници

Бројот на вработени во Шпанија достигна нов историски максимум, бидејќи во април во системот за социјално осигурување беа регистрирани 22,1 милиони осигурени лица, што претставува зголемување од 223.685 лица во споредба со март, според тековните податоци од Министерството за инклузија и социјално осигурување.

На годишно ниво, вработеноста во Шпанија се зголеми во април за 517.192 лица на годишно ниво, или за 2,4 проценти, со клучен придонес од секторот за туризам и угостителство, кој додаде повеќе од 111.000 вработени и забележа раст од 7,4 проценти на годишно ниво, објавува Паис.

Растот на вработеноста во голема мера беше поттикнат од сезонското вработување за време на велигденските празници, кои оваа година во Шпанија беа на крајот на март и почетокот на април.

Бројот на невработени во Шпанија се намали за 62.668 лица на месечна основа и падна под 2,4 милиони за прв пат од јуни 2008 година, додека на годишна основа невработеноста се намали за 155.674 лица, односно за 6,2 проценти.

Како што е наведено, бројот на странски работници во Шпанија достигна 3,24 милиони во април, или 14,7 проценти од вкупната вработеност, со годишен раст од над 250.000, што ја потврдува нивната важност на пазарот на трудот.

Бројот на вработени жени во Шпанија продолжува да расте и сега изнесува речиси 10,5 милиони, што е 47,5 проценти од вкупниот број работници.

Учеството на привремените договори во Шпанија падна на 11,6 проценти, што е значително пониско од околу 30 проценти во 2019 година.