Земји што нудат најмногу можности за таленти

26

Фото: Pixabay

Швајцарија, Сингапур и САД се топ три земји според индексот за глобална конкурентност на таленти.

При оценување предвид се земаат неколку фактори, како што инвестирање и развој на локални таленти, идни успеси базирани на моментално расположливи таленти и можности за привлекување меѓународни таленти.

Земјава ја нема на оваа листа, а од земјите во регионот најдобро котира Словенија, којашто се најде на 29-то место. Потоа следуваат: Грција (44), Црна Гора (51), Бугарија (54), Хрватска (55), Србија (68), Турција (74), Албанија (75) и Босна и Херцеговина (86).

Од вкупно 125 земји, овие три се на дното на листата: Бурунди, Конго и Јемен.