Земји што од вакцини заработуваат милијарди долари

39

Вакцините во последните неколку месеци се во центарот на светското внимание, бидејќи може да го спасат светот од пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Минатата година, според податоците на World’s top exports, извозот на вакцини достигна вредност од 31,7 милијарди долари, што е за 9% повеќе во однос на 2018 година.

Најголем извозник на глобално ниво е Белгија, што покрива 30,2% од извозот и од тоа заработи 9,5 милијарди долари.

Земји коишто од извозот на вакцини минатата година инкасираа и по неколку милијарди долари се и: Ирска (5,3 милијарди долари), Франција (4,3 милијарди долари), Велика Британија (3,4 милијарди долари), САД (две милијарди долари), Холандија (1,9 милијарди долари) и Италија (1,1 милијарда долари).

Фото: Freepik