Земји што се најголеми извозници на индустриски роботи

53

Индустриските роботи претставуваат придобивка од развојот на технологијата за голем број индустриски капацитети. Продажбата на индустриски роботи лани надмина вредност од шест милијарди долари.

Јапонија е најголем извозник на индустриски роботи, чиј извоз лани достигна две милијарди долари, што е над 30% од вкупниот извоз во светски рамки. Германија ја следи Јапонија со извоз од 715 милиони долари, додека Италија е трета со 432 милиони долари.

Во топ 10 земји, коишто инкасираа најголем износ од извоз на индустриски роботи се: Франција (349 милиони долари), Кина (265 милиони долари), Данска (255 милиони долари), САД (250 милиони долари), Австрија (212 милиони долари), Шведска (182 милиони долари) и Холандија (175 милиони долари).

Фото: Pixabay