Земји со најдобри и најлоши патишта – каде е Македонија?

120

Најдобрите патишта во Европа, оние во Холандија и во Швајцарија, исто така се и меѓу најдобрите во светот, според податоци од Светскиот економски форум. Податоците се однесуваат на 2019 година.

Според анализата, Македонија има оцена од 3,4 за патиштата, на скала од 1 (исклучително лоши) до 7 (исклучително добри). Од земјите во регионот Албанија и Црна Гора се оценети со 3,9, Србија има оцена од 3,5, а Босна и Херцеговина има оцена од 2,8 за своите патишта.

Најдобри патишта во Средна и Источна Европа има во Австрија, која има оцена 6.

Хрватска е интересен пример со оглед на тоа што транспортната инфраструктура во земјата е меѓу најдобрите во Европа и 12-та најдобра во светот. Почнувајќи од 2000-тите, земјата започна амбициозна серија проекти за развој на патната инфраструктура чија цел е зголемување на квалитетот на патиштата, особено на автопатите. Бидејќи Хрватска е една од најпосетуваните туристички локации во Европа, важноста на транспортната инфраструктура беше критична, а инвестициите во овој сектор беа огромни.

Друг позитивен пример е Турција со оценка 5, повисока од некои западни и северноевропски земји – дури и над Норвешка (4,5) и Велика Британија (4,9).

Тешкиот терен за изградба на патишта, влошен од безброј фјордови и релативно ретка популација, објаснува зошто Норвешка има пониски резултати од нејзините нордиски соседи.

Сингапур е светски лидер со 6,5, следен од Холандија (6,4) и Швајцарија (6,3), а Хонг Конг и Јапонија имаат по 6,1.

Најлоши патишта во светот се во Чад (1,9), Мавританија и Мадагаскар (2), и Јемен, Хаити и  ДР Конго, со оцена 2,1.