Земји со најмногу излекувани vs земји со најмногу смртни случаи од Ковид – 19

110

Светот не престанува да ја следи ситуацијата поврзана со пандемијата на коронавирусот. Постојано се следат информациите за бројот на новозаболени, излекувани, но за жал и бројот на смртни случаи што зад себе ги остава овој вирус.

Според податоците на Statista, во светот во овој момент има 339.712 лица инфицирани со овој вирус. Од нив 225.992 во моментот се лекуваат, 99.016 закрепнуваат, а вкупниот број на смртни случаи до денеска е 14.704.

Кина е земја си најголем број на инфицирани лица и тоа 81.093, додека Италија е земја со најголем број на смртни случаи – 5.476 досега.

Меѓу петте земји со најголем број на инфицирани лица се: Кина (81.093), Италија (59.138), САД (35.060), Шпанија (28.768) и Германија (24.873).

Пет земји коишто имаат најголем број на излекувани лица од Ковид – 19 се: Кина (72.703), Иран (7.913), Италија (7.024), Јужна Кореја (3.166) и Шпанија (2.575).

Кога станува збор за бројот на смртни случаи, предничи Италија со 5.476, потоа следуваат: Кина (3.270), Шпанија (1.772), Иран (1.685) и Франција (674).

Кај нас, во изминатите 24 часа се регистирирани 22 нови случаи или вкупно 136. Од тој број, излечен е еден пациент, а регистрирани се два смртни случаи.

Фото: Pixabay