Земји со најмногу склучени бракови во ЕУ

65

Во текот на 2018-та година, земјите од Европската унија со највисок број на бракови во однос на населението се: Кипар (7,8 бракови на 1.000 жители), Романија (7,4), Литванија (7) и Латвија (6,8), покажуваат податоците на Eurostat.

Од друга страна, најниска стапка е околу три брака на 1.000 жители и тоа во: Луксембург (3,1), Италија (3,2) и Португалија (3,4).

Од земјите во регионот, највисока стапка на брак имаат Албанија (8,1) и Турција (6,8). Во Македонија има 6,5 склучени бракови на 1.000 жители. Помал удел имаат: Црна Гора (5,3), Србија (5,2), Хрватска (4,9) и Грција (4,4).

Фото: Pexels