Земјите од БРИКС имаат 72 отсто од резервите на ретки земји

87

По приемот на новите членки, земјите од БРИКС располагаат со 72 отсто од светските резерви на ретки метали, изјави првиот човек на Роснедр, Евгениј Петров.

Според неговите зборови, минералните и суровинските комплекси на земјите од БРИКС меѓусебно се надополнуваат и постои потенцијал за проширување на трговијата меѓу членовите на таа организација за да се обезбеди стабилност на снабдувањето, пренесува ТАСС.

Ретките земјини метали се клучни за планираната енергетска транзиција и постепеното напуштање на фосилните горива.

Светска банка на почетокот на месецот објави податоци кои покажуваат дека учеството на земјите од БРИКС во глобалниот БДП по паритетот на куповната моќ на крајот на 2023 година се зголеми за 0,6 отсто и достигна рекордни 35,7 отсто.

БРИКС е основан во 2006 година, а од таа година учеството на овој економски блок во економијата е зголемено за 10,2 отсто.

За разлика од нив, учеството на земјите од Групата седум (Г7) во глобалниот БДП падна за 0,4 отсто на 29 отсто на крајот на минатата година и сега е најниско во последните 30 години, пренесе РИА Новости.