Земјите од БРИКС се обидуваат да го потиснат доларот од нивните трансакции

30

Земјите од организацијата БРИКС активно ќе бараат решенија за да не се потпираат на американскиот долар во трговската соработка, изјави  заменик министерот за надворешни работи на Русија и руски претставник во БРИКС, Сергеј Рјабков.

„Се разбира, во рамките на БРИКС ќе имаме активна, заедничка потрага по решенија што ќе ни овозможат да ја оддалечиме нашата интеракција подалеку од таквото штетно влијание на Западот. Ова е деликатно прашање“, рече Рјабков, говорејќи на темата за новиот систем на меѓусебни трансакции, пренесува ТАСС.

Висок руски дипломат оцени дека е тешко и „не е неопходно да се дејствува набрзина во оваа област“.

„Ќе пристапиме на ова креативно, всушност, веќе го правиме тоа. Мислам дека треба да чекаме конкретни резултати, а шпекулирањето на оваа тема, генерално, значи помагање на нашите противници. Нема смисла да се брза“, рекол Рјабков, пренесува Танјуг.