Вкупните расходи за социјална заштита во Европската унија, според раните проценки, достигнаа сума од 4.583 милијарди евра во текот на 2023 година, што е зголемување за 6,1 отсто во однос на истиот период претходната година, објави Евростат.
Заводот за статистика на ЕУ наведува дека расходите за социјална заштита претставуваат 26,8 отсто од вкупниот бруто домашен производ (БДП) на Европската унија, што претставува намалување за 0,1 процентен поен во однос на претходната година.
Меѓу земјите на ЕУ, за кои беа направени проценки за 2023 година, расходите за социјална заштита како процент од БДП беа највисоки во Франција (31,3 проценти), Финска (31,2) и Австрија (29,7). Ирска (12 проценти), Малта (13,2) и Естонија (15,3).
Бенефициите за старост и болест (здравствена заштита) го сочинуваа главниот дел од бенефициите од социјалната заштита во сите земји на ЕУ, а другите категории вклучуваат инвалидитет, семејство (деца), невработеност, домување и социјална исклученост.
Расходите за социјална заштита се зголемија во текот на 2023 година во сите земји на ЕУ за кои беа објавени проценки.
Најголем раст е забележан во Словачка (за 18,9 проценти во однос на 2022 година), Полска (18,4) и Унгарија (15,2), а најмал пораст е забележан во Данска (2,3), Италија (3,5 ) и Естонија (3,8).