Земјите од ЕУ потрошиле 600 милијарди евра за угостителски услуги

34

На угостителски услуги во ресторани, кафулиња, кантини, домаќинствата во ЕУ потрошиле повеќе од 600 милијарди евра, што одговара на 3,8% од БДП на ЕУ.
Трошоците за угостителските услуги претставуваат 7% од расходите на домаќинствата во 2018 година, објави Евростат.

Најголем удел во расходот за угостителските услуги забележен е во Ирска 14,4%, а потоа следат Шпанија 13%, Малта 12,6% и Грција 12,4%. Од друга страна, издвојувањата за угостителски услуги биле најниски во Романија со 1,9 % од вкупна потрошувачка во домаќинството, Полска со 3% и Литванија 3,4%.

Помеѓу 2008 и 2018 година уделот за трошење на услугите во вкупната потрошувачка на домаќинствата се зголемил во повеќе земји членки, а најмногу во Малта од 8,2% , на 12,6 %.  Податоците на Евростат покажуваат дека во Луксембург потрошувачката стагнира.

Фото: Pexels