Земјите од ЕУ сè повеќе се задолжуваат

28

Јавниот долг во Европската унија и еврозоната забележа силен раст во второто тримесечје поради зголемената потреба на земјите за финансирање на последиците од пандемијата, покажуваат податоците на Eurostat.

На ниво на ЕУ, јавниот долг како дел од бруто домашниот производ, во второто тримесечје е 87,7%, додека во еврозоната достигна 95,1%.

Најголем јавен долг, мерен според уделот во БДП, на крајот на јули, имала Грција и тоа 187,4%. Следуваат: Португалија (126,1%), Белгија (115,3%), Франција (114,1%), Кипар (113,2%) и Шпанија (110,1%).

Од друга, најнизок јавен долг како удел во БДП имаат: Естонија (18,5%), Бугарија (21,3%) и Луксембург (23,8%).

Фото: Freepik