Земјите од Г7 се согласија да одредат фиксна цена за руската нафта

95

Земјите од Г7 и Австралија се договорија да одредат фиксна цена за руската нафта, јавува Ројтерс повикувајќи се на свои извори.
Американските функционери и претставниците на групата Г7 во последните недели водеа интензивни преговори за планот за поставување ограничување на цената на руската нафта, кој треба да стапи на сила на 5 декември, пренесува Танјуг.

Г-7 на тој начин сака да обезбеди санкциите на ЕУ и САД, кои имаат за цел да ја ограничат Москва да го финансира нападот врз Украина, да не го „задуши“ глобалниот пазар на нафта.

Плафонот на цената на нафтата сè уште не е поставен, но треба да стане појасно во наредните недели, изјавија повеќе извори за Ројтерс.