Земјоделците и државатa задоволни од откупот на тутунот

47

tutun_g_0По денешната посета на откупниот пункт во Тутунскиот комбинат во Прилеп и во селото Мажучиште, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, изјави дека oколу 98% од тутунот во Македонија е веќе откупен. Преземени се 25.416 тони тутун со просечна цена од 180 денари за килограм.

“Ако се земат в предвид и откупените количества во предвремениот рок од околу 1,5 тони по просечна цена од 165 денари, може да се рече дека сме задоволни зашто имаме квалитетна реколта и ефикасен откуп”, изјави Коњановски.

Тој додаде и дека од годинашниот откуп се задоволни и производителите во регионите на Струмица, Радовишко, Прилепско.

Коњановски нагласи дека окрупнувањето на земјоделското земјиште е неопходен процес за успешено и конкурентно производство, а законот за задругарство што е веќе во процедура, треба да се донесе за околу еден месец.

“Поставивме здрава законска регулатива, но мора да знаеме дека треба окрупнување и на површините кои во земјава се исцепкани. Тоа е практика во европските земји која ја следиме и е успешна и продуктивна за земјоделците”, изјави Коњановски.

Во однос на субвенциите министерот потенцираше дека ветената поддршка од едно евро субвенции за секој откупен килограм тутун, земјоделците ќе ја добијат согласно законските рокови.

Тој исто така информираше дека можноста за поедноставување на процедурата за издавање бел картон, што претставува еден вид виза за новото тутунопроизводство, ќе биде разгледана.