ZenTowel – пешкир за осетлива кожа

113

ZenTowel е идеален пешкир чувствителна кожа. Тој е супер апсорбирачки и е мек на допир, а е изработен од 100% органски памук со потекло од западна Турција.

Пешкирот моментално е достапен во 3 бои, сива, бела и кремаста.

Обичните пешкири најчесто многу бавно се сушат, а мократа ткаенина е идеална за развивање на бактерии, затоа ZenTowel е пешкир кој е дизајниран да се суши навистина брзо, а со тоа го спречува развивањето на бактерии.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Минхен, Германија и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 139.656 долари од потребните 11.775 долари, а кампањата трае уште 11 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во август годинава.

Фото: Kickstarter