Zero è buono: Новак Ѓоковиќ во новата реклама на Peugeot со Стефано Акорси

140

Во новата реклама на Пежо се појавуваат еден од најдобрите италијански актери и светскиот рекет број еден.

Во спотот на Пежо го гледаме популарниот италијански актер Стефано Акорси како игра тенис  или барем, се обидува да го направи тоа со прилично сомнителни резултати. Потоа исцрпен, оди до својот автомобил, каде го чека Новак Ѓоковиќ. Кога Ноле го прашува колку поени постигнал, Акорси вели „нула“. На тоа Новак во шега одговара, „нулата е добра“, мислејќи на петте електрични нули на Пежо (нула емисија, нула мирис, нула промена на степените на пренос, нула бучава и нула вибрации). Потоа актерот коментира дека во тенисот веројатно нула и не е така добро, а тенискиот шампион низ насмевка одговара „во тенисот не е добра“.