Згаснати скоро 46.000 компании во Романија

146
Stressed young businessman overworking

Во Романија, од почетокот на пандемијата, 45.915 компании престанаа со економските активности и беа избришани од трговскиот регистар.

Најголем број на компании кои престанаа да работат се занимаваа со трговија на мало или трговија на големо со автомобилски делови (12.443), градежништвото (4.305) и научни и технички услуги (3.963).

Најголем број на компании кои ги запреа своите деловни активности беа во главниот град Букурешт и неговата околина, во областите Кљуј, Темиш и Констанца.

Фото: Freepik