Зголемен број на издадени одобренија за градење во декември

54

Во декември 2020 година се издадени 305 одобренија за градење, што е за 6,6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.727.211.000 денари, што е за 7,7% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 181 (59,3%) се наменети за објекти од високоградба, 37 (12,1%) за објекти од нискоградба и 87 (28,6%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 305 објекти, на 192 (62,9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 113 (37,1%) објект инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 372 станови, со вкупна корисна површина од 32.203 метри квадратни.

Фото: Pexels