Зголемен број туристи во Бугарија поради ниските цени во септември

25

Зголемен е бројот на туристи во Бугарија поради ниските цени во септември што ги нудат агенциите и хотелите. Новите цени го прават морето достапно и за луѓето со пониски доходи. Според претседателот на Варна туристичка комора Марин Нешков, намалувањето на цените ќе ги натера и оние што не размислувале да одат на море да го направат тоа.

Ноќевањата се за 50% поевтини во повеќето од хотелите. Единствено што нема да поевтини е храната. Цените на основните прехранбени производи остануваат високи, па дури и сезонските овошје и зеленчук се поскапи во споредба со минатата година.